Опис: УШЛИНОВСКА ИЛИЕВА ДОМАЗЕТОВСКА, Сребра, Апостол. (1886, Лера – 1942, Варна) Комитка. Како млада сопруга на Апостол Ушлиновски во с. Лера, била напаствувана од страна на локалниот бег Реџеп Реџо Суљо(в). Бидејќи однесувањето на бегот ги засегало сите жени во селото, а меѓу нив и нејзината јатрва Донка Ставрева Ушлиновска, двете жени го организирале убиството на бегот. По убиството тие пребегнале во блиската планина, каде што биле пресретнати од четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов, кој им дал униформи. Со нив се одметнал и сопругот на Сребра – Апостол Ушлиновски бидејќи бил поврзан со активностите на МРО. По Илинденското востание станале дел од четата на Ѓорги Сугарев. (види: УШЛИНОВСКА СТАВРЕВА, Донка).
Види повеќе извори во Илустрација Илинден:
Донка Ставрева / Копитаръ. // Год. 9, кн. 8 (88) (1937), стр. 13;
И кауркитѣ станали комити : първитѣ комитки – дветѣ етърви отъ с. Лера, Битолско / Христо Настевъ. // Год. 9, кн. 9 (89), (1937), стр. 12–15;
Сребра Апостолова Ушлиновска / Х. // Год. 14, кн. 2 (132) (1942), стр. 5.