УШЛИНОВСКА СТАВРЕВА, Донка. (1880/5, Смилево – 1937, Варна). Комитка од село Лера, Битолско. Додека мажот ѝ бил на печалба, Донка ја вознемирувал и ја следел локалниот бег, кого таа го убила и го закопала со помош на нејзината јатрва, Сребра Апостолова. По убиството, двете жени пребегнале во блиската планина, каде што биле пресретнати од четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов, кој им дал униформи. Станала позната како „Донка комитката“, а во изворите е нарекувана „еднаква со мажите“. Била и доброволна учесничка во Првата балканска војна. Животниот и борбениот пат многу ја зближиле со нејзината јатрва Србра Илиева Ушлиновска и во изворите често се опишувани како тандем. (види: УШЛИНОВСКА ИЛИЕВА (АПОСТОЛОВА), Сребра).
Види повеќе извори во Илустрација Илинден:
Донка Ставрева / Копитаръ. // Год. 9, кн. 8 (88) (1937), стр. 13;
И кауркитѣ станали комити : първитѣ комитки – дветѣ етърви отъ с. Лера, Битолско / Христо Настевъ. // Год. 9, кн. 9 (89), (1937), стр. 12–15.