Опис: ШУМЉАНСКА ВАСИЛЕВА, Захарија, Јулијан. (1864, Могила – 1937, Софија). Просветна работничка и хуманитарка. Предводничка на социјални политики и хуманитарни акции за згрижување на напуштени и сиромашни деца. Работела на собирање хуманитарни донации од политички, дипломатски и црковни лица. Како резултат на нејзината активност, во Битола било изградено сиропиталиштето „Утеха“, а во Софија домот за деца „Битола“. Била сопруга на полскиот политички емигрант Јулијан Шумљански – по професија биолог. Нејзината комуникација со бројни претставници од јавната и политичка сфера, како и политичката и општествена дејност на нејзиниот сопруг побудиле сомнежи кај властите, што довело до нејзино затворање во Северна Африка. Во Битола останала локално запаметена како „големата битолска мајка“. Во нејзиното родно место – Могила подигнат е споменик во нејзина чест.
Види повеќе извори во Илустрација Илинден:
Какъ се основа, уреди и унищожи Битолското сиропиталище : (изъ споменитѣ на Захария Шумлянска) / Захария Шумљанска. // Год. 9, кн. 10 (90) (1937), стр. 8–13;
СКРЪБНА весть за Захария Юл. Шумљанска / Илинденска организация. // Год. 9, кн 10 (90) (1937), sp.;
Юбилейно приветствие къмъ г-жа З. Шумлянска / Сийка Добревска. // Год. 10, кн. 3 (1938), стр. 8;
ЗАХАРИЯ юлиянъ Шумлянска / Год. 10, кн. (1938), стр. 8-10.
Сиропиталище Битола / Кирил Христовъ. // Год. 12, кн. 2 (112) (1940), стр. 10–12.